недела, август 16, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата приведе четири лица за нарушување на јавен ред и мир во...

Полицијата приведе четири лица за нарушување на јавен ред и мир во Кочани – започнале тепачка на улица, по претходна расправија/видео

31

Четири лица се приведени бидејќи вчера го нарушиле јавниот ред и мир во Кочани. Тие се степале на улицата „Теодосија Паунов“ во Кочани по што вечерта биле приведени.

„Вчера (15.08.2026) во 19:15 часот, полициски службеници од Полициската станица Кочани ги привеле Ж.В.(22), Ј.В.(19) и М.В.(47), сите од Кочани, како и И.А.(46) од село Баница, струмичко.

Лицата биле приведени затоа што по претходна расправија на ул. „Тодосија Паунов“ во Кочани го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка во која учествувале шест лица.

По преземените мерки и целосно документирање на настанот, против лицата биле поднесени соодветни поднесоци. За целосно расчистување на настанот и утврдување на сите околности и евентуални пропусти при постапувањето, ќе бидат вклучени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Одделот за униформирана полиција“ соопштија од МВР.

ИЗДВОЕНИ