четврток, јуни 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Полицијата на терен, се врши евакуација по дојавите за бомби во трговските...

Полицијата на терен, се врши евакуација по дојавите за бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“

113

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи, по што веднаш се преземени безбедносни мерки и започнати проверки на терен.

Од МВР информираат дека полициски екипи се на лице место и вршат детални контроли во објектите.

„На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри“, велат од МВР

Во меѓувреме, според сведоштво на посетител, во „Ист гејт мол“ се врши евакуација, а на граѓаните им било укажано да се оддалечат од објектот од безбедносни причини.

Слични дојави за бомби во трговски центри во Скопје се регистрираат во континуитет изминативе години и сите се покажаа како лажни. Досега, институциите не успеаја да го утврдат идентитетот на лицата што стојат зад овие закани.

ИЗДВОЕНИ