четврток, јуни 4, 2026
Дома ЕКО Полицијата го приведе сопственикот на депонијата во Визбегово која во моментов гори

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата во Визбегово која во моментов гори

694

Полицијата го приведе сопственикот на депонијата кај Визбегово која од сабајлево гори. Црниот у густ чад кој се издига го прекри пола Скопје, граѓаните се загрижени.

Во моментот на приведувањето сопственикот давал отпор на полицијата по што настанала и физичка пресметка. На местото на настанот била нападната и телевизиска екипа од страна на вработен на депонијата и според некои информации, тој ја скрил камерата на екипата.

Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.

Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека во моментов интервенира еден „ер трактор“.

Градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш вели дека на локацијата не гори депонија, туку приватен отпад. Тој е зачуден како се запали отпадот.

– Навистина не знам. Сега пожарот е само на едно место, таму каде што се запали. Претходно се ширеше кон нивите, но беше локализиран. Сега стигна „ер трактор“ и исфрла вода – вели Дудуш.

 

ИЗДВОЕНИ