СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (36) од Битола поради основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво во обид“.
Според информациите од полицијата, осомничениот бил лишен од слобода околу еден часот по полноќ, а при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Битола, бил пронајден и одземен пиштол.
Како што се наведува во пријавата, М.Ѓ. на 30 април 2026 година околу 18.10 часот се обидел да изврши разбојништво во канцеларија за кредитирање на улицата „Столарска“ во Битола. Со закана со огнено оружје се обидел да го изврши делото, но не успеал и побегнал од местото.












