петок, јули 3, 2026
Дома МАГАЗИН Втор фатален напад годинава: Маж им подлегна на повредите по напад од...

Втор фатален напад годинава: Маж им подлегна на повредите по напад од ајкула на западниот брег на Австралија

159

Маж каснат од ајкула на западниот брег на Австралија им подлегна на повредите денес, соопшти локалната полиција.

Ова беше втор фатален напад од ајкула регистриран во Австралија оваа година, а жртвата беше 38-годишен маж кој беше каснат од животното утрово во близина на островот Ротнест, во близина на Перт, додаде полицијата, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница.

Мажот беше донесен на брегот, но спасувачите не беа во можност да го оживеат.

Локалните власти им советуваат на граѓаните да бидат дополнително внимателни во водата околу островот Ротнест, популарна туристичка дестинација.

Првиот напад од ајкула во годината е регистриран во јануари. Жртвата беше момче во пристаништето во Сиднеј.

Според Националниот институт за здравство на земјата, во Австралија секоја година се случуваат околу 20 напади од ајкули, пренесе „Бета“.

ИЗДВОЕНИ