Синот на американскиот претседател Доналд Трамп, Ерик Трамп, објави дека ќе поднесе тужба против поранешната портпаролка на Белата куќа Џен Псаки и телевизискиот канал „Ем-ес нау“ (MS Now) за, како што тврди, ширење неточни информации. Тој го објави ова на својата страница на социјалната мрежа „Икс“.
Причината за правната постапка се изјавите дадени од Псаки во нејзината емисија на каналот Ем Ес Нау, во која таа претпостави дека Ерик Трамп го придружувал својот татко за време на неодамнешната посета на Кина, наводно од лични бизнис интереси.
„Имам намера да ги тужам Џен Псаки и „Ем ес нау“. Немам никаков бизнис интерес во Кина“, рече Ерик Трамп.
I intend to sue @jrpsaki and @MSNOWNews over the below clip. To be clear:
• Contrary to her monolog and blatant lies, I have NEVER been on the board of ALT5 — not now, not ever. Any person with basic access to Google and willing to open a company’s annual report or proxy…
— Eric Trump (@EricTrump) May 15, 2026
Тој изјави дека се придружил на делегацијата единствено за да го поддржи својот татко во клучен момент. Синот на американскиот лидер прецизираше дека, додека претседателот на Соединетите Американски Држави водел официјални преговори со кинескиот претседател Си Џинпинг, тој и неговата сопруга го посетиле Кинескиот ѕид.
Истиот ден, списанието „Фондација за стратешка култура“ објави дека неодамнешната посета на Трамп на Кина покажала дека Соединетите Американски Држави го ослабнале своето влијание во последните години. Во статијата, исто така, се наведува дека американскиот претседател ги напуштил претходните остри изјави и барања кон Кина, пренесе „Политика“.












