Во рамките на богатата августовска програма на „Кривопаланечко културно лето 2026“, Општина Крива Паланка поканува на уште една вечер посветена на традицијата, музиката и на културното наследство на Крива Паланка.
Станува збор за манифестацијата „Кривопаланечки староградски песни“, која ќе се одржи в среда, со почеток во 20:30 часот, во Градскиот музеј Крива Паланка.
Во рамките на оваа манифестација ќе може да се слушнат песни што го носат духот на старите градски времиња, спомените и музичката традиција на овој град.
– Да ја чуваме песната што нè памети, традицијата што нè поврзува и приказните што се пренесуваат од генерација на генерација – порачуваат од локалната самоуправа.












