четврток, јуни 4, 2026
Дома КУЛТУРА Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

Почина актерот Кирил Поп Христов – Кили

149

Вчера во Еквадор на 58-годишна возраст почина глумецот Кирил Поп Христов-Кили, потврдија од неговото семејство за СДК.мк.

Поп Христов се пресели во Еквадор во 2014 година. Иако често доаѓаше во Скопје, последната година и пол ја поминал во Еквадор.

Кирил Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на професорот Љубиша Георгиевски, во 1989 година. Од  1993  до 2014  работеше во Македонскиот народен театар.

Глумеше во филмовите „Панкот не е мртов“, „Бал-кан-кан“, „Тетовирање“ и во претставите „Ослободување на Скопје“, „Ревизор“, „Народен пратеник“ и други.

ИЗДВОЕНИ