четврток, октомври 22, 2026
Дома БАЛКАН Се наѕира крајот на летото: Есенско заладување доаѓа во Македонија и на...

Се наѕира крајот на летото: Есенско заладување доаѓа во Македонија и на Балканот – чести врнежи, невремиња и пад на температурите

14876

Полека но сигурно на летото и на многу високите температури на воздухот на Балканот и во Македонија им се наѕира крајот. Од 11 септември сѐ поизвесно е дека од север кон Балканот и кон Македонија ќе се спушти ладен атмосферски фронт кој ќе помине преку алпите и најверојатно овој ладен атмосферски фронт ќе ги донесе и првите снежни врнежи и првата снежна идила за оваа сезона на европските Алпи.

“Овој ладен атмосферски фронт од север ширум Балканот и во Македонија значително очекувам да ја дестабилизира атмоферата, вели метео прогнозерот Славчо Попоски. Се очекува развој на олујни системи, чести врнежи, појава на грмежи и локални временски непогоди кои можат да создаваат нови проблеми“, најавува Попоски.

Веќе од 11 септември температурите ќе бидат многу пониски и полека ќе го чувствуваме надоаѓањето на есента и на есенското време со почести врнежи.

Од овој датум завршуваме со пеколните горештини за ова лето, најави метеорологот.

ИЗДВОЕНИ