недела, септември 6, 2026
Дома СВЕТ На АфД и недостасуваат три мандата за апсолутно мнозинство: Зигмунд ја отфрла...

На АфД и недостасуваат три мандата за апсолутно мнозинство: Зигмунд ја отфрла можноста за малцинска влада

0
EPA/FILIP SINGER

Лидерот на Алтернативата за Германија во Саксонија-Анхалт, Улрих Зигмунд, денес ја отфрли можноста неговата партија да формира малцинска влада во покраината доколку не освои апсолутно мнозинство.

Според резултатите, кои не се конечни, Алтернативата ќе има 39 пратеници во покраинскиот парламент, а сè уште ѝ недостасуваат три за мнозинство.

По изборната победа, нема да има комбинации со малцинска влада или нешто слично, изјави Зигмунд за ZDF, пренесува Дојче Веле.

Тој нагласи дека Алтернативата во принцип е отворена за коалиција со партија која би била подготвена да спроведе пресврт во политиката за миграција и енергија, но дека во моментов не гледа таков партнер.

„Не сакаме да се прилагодуваме заради какви било комбинации што би ни овозможиле да дојдеме на власт. Затоа независна влада е наша цел“, рече Зигмунд.

Во исто време, тој изрази надеж дека Алтернативата би можела да добие поддршка од пратеници од друга партија.

ИЗДВОЕНИ