вторник, јуни 16, 2026
Дома СВЕТ Почесна гарда и воен оркестар за пречек, но Трамп го нема: Кралот...

Почесна гарда и воен оркестар за пречек, но Трамп го нема: Кралот Чарлс и кралицата Камила допатуваа во САД

246
EPA/WILL OLIVER

Британскиот крал Чарлс III и кралицата Камила денес пристигнаа во Вашингтон за да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама Меланија Трамп.

Кралскиот пар беше пречекан од неколку официјални лица, почесна гарда и воен оркестар, но не и од Трамп, објави Би-Би-Си.

Тие ќе се сретнат со Трамп и првата дама во Белата куќа на чај, по што заедно ќе присуствуваат на забава во градината.

ИЗДВОЕНИ