„Победувам во војната и тоа уверливо, работите одат многу добро, нашата војска беше неверојатна и ако читате лажни вести, како што е пропаднатиот Њујорк Тајмс, апсолутно ужасниот и одвратен Волстрит Џурнал или сега речиси непостоечкиот, за среќа, Вашингтон Пост, би помислиле дека ја губиме војната.
Непријателот е збунет затоа што добива ист вид медиумски „извештаи“, додека гледа дека нивната морнарица е целосно уништена, нивните воздухопловни сили се повлечени на скриени писти, дека немаат ракетна или воздушна одбрана, дека нивните поранешни лидери се претежно отстранети (ова е, меѓу другото, промена на режимот!), и, можеби најважно, БЛОКАДАТА, која нема да ја укинеме додека не постигнеме „ДОГОВОР“, апсолутно го уништува Иран.
Тие губат 500 милиони долари дневно, што е неодржливо дури и на краток рок. Антиамериканските медиуми за лажни вести навиваат за победа на Иран, но тоа нема да се случи затоа што јас сум главен! Како што овие непатриотските луѓе ја искористија целата своја ограничена сила за да се борат против мене на изборите, па затоа го прават тоа сега во врска со Иран. Резултатот ќе биде ист – веќе е!“, пишува Трамп во нова објава на својата социјална мрежа.












