Сака – не сака….Италијанскиот 56-годишен пејач Сал да Винчи, победникот на годинашното издание на легендарниот фестивал „Санремо“ со песната „Пер семпре си“ (Засекогаш да“), сега не знае дали ќе ја претставува Италија на Песна на Евровизија 2026, на изборот во Виена, во мај.
Вели дека песната со која победи е толку добра што е жално да оди да се натпреварува во Виена, па да му се случи, не дај Боже, да биде дури последен. Нешто што му се случи пред многу години на славниот италијански пејач Доменико Модуњо, кога на Eвровизискиот избор во Луксембург беше последен, без ниеден освоен поен.
Сал да Винчи, чие вистинско име е Салваторе Михаел Сорентино, најмногу стравува од тоа. Иако е роден во Њујорк, пораснал во Неапол, Италија, каде што сè уште живее. Неговиот татко, познатиот пејач Марко да Винчи, исто така имаше големи успеси во светот на музиката. Синот сега тргнува по стапките на татко си.
Нема да биде ништо необично Сал да Винчи да го одбие учеството на Евровизија. Во тој случај, италијанската национална телевизија РАИ ќе избере друг пејач од фестивалот „Санремо“, кој ќе ја претставува државата на изборот во Виена.
(Д. М.) фото: „Јутјуб“












