среда, јули 29, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА ПО РЕАКЦИИТЕ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ И НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА НАБАВКИТЕ БЕЗ ТЕНДЕР: Законот...

ПО РЕАКЦИИТЕ НА АНТИКОРУПЦИОНЕРИТЕ И НА ОПОЗИЦИЈАТА ЗА НАБАВКИТЕ БЕЗ ТЕНДЕР: Законот за „Скопје 2028“ ќе почека до септември

Она што е најспорно во предложеното решение е тоа што со членот 21 се предвидува набавкие да се прават без тендер, односно одредбите од Законот за јавните набавки да не важат за нив

0

Симнат од дневен ред и оставен за некоја идна собраниска седница во периодот по летниот одмор на пратениците е предложениот закон за спроведување на проектот „Скопје – европска престолнина на културата 2028 година“, кој денеска предизвика реакции во јавноста. Ова се случи по состанокот на координаторите на пратеничките групи со собранискиот спикер, Африм Гаши, откако во македонскиот парламент се водеше војна околу завчера закажаните три седници и предложениот дневен ред. Опозициските пратеници од ДУИ, Албанска лига и Алијанса за Албанците го критикуваа Гаши дека го прекршува Деловникот, додека претседателот на Собранието им одговори дека нема да дозволи со процедурални забелешки да ја блокираат седницата. При ова, се слушнаа и навреди и закани, при што расправата се одвиваше на висок тон, но и со дофрлувања меѓу пратениците.

Предлог-законот што специјално се предвидува за овој проект, предвидува тој да се спроведува преку посебна Фондација што ќе го носи истото име, а ќе ја основа Градот Скопје. Она што е најспорно во предложеното решение е тоа што со членот 21 се предвидува набавките да се прават без тендер, односно за нив да не важат одредбите од Законот за јавните набавки.

Симнувањето на спорното предложено законско решение пред седницата го побараа и од Платформата на граѓански организации за борба против корупција.

– Донесувањето на предлогот на законот по скратена постапка треба да се стопира. Со него се предвидува за спроведување на овој Проект, Градот Скопје да основа Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“ и за набавките на таа Фондација да не се применува Законот за јавните набавки. Сметаме дека Фондацијата, која ќе биде основана од Град Скопје и финансирана од буџетот, а и од пари од Европската Унија, е правно лице кое по сите основи треба да има статус на договорен орган кој мора да ги применува одредбите од Законот за јавните набавки – се нагласува во реакцијата на Платформата на повеќе граѓански организации.

Напоредно со ова, и Државната комисија за спречување на корупцијата предупреди дека доколку законодавецот оцени дека е неопходно донесување на посебно законско решение за реализација на проектот, тогаш тоа треба да ги содржи механизмите утврдени со Законот.

– ДКСК го препозна носењето на закони по скратена постапка со кои се заобиколува примената на системските закони како висок ризик од корупција и предложи мерки и активности за нивно надминување. Вакви значајни законски решенија задолжително претходно треба да се доставуваат до ДКСК за нивно разгледување од аспект на корупциски ризици – нагласија антикорупционерите.

Трошењето на државните пари преку одредбите од овој закон предизвикаа реакција и кај опозициските партии.

-Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци – реагираше СДСМ.

Од Левица порачаа дека со законот се создава систем во кој институцијата, во случајот Фондацијата, во голема мера сама ќе ги определува правилата според кои ќе ги троши парите.

– Криминалната организација ВМРО повторно се обидува да протне закон со кој ќе ги заобиколи правилата за јавни набавки и ќе отвори простор за нови милионски тендери без контрола. Со овој закон се создава опасен преседан чија цел е пумпање на парите на граѓаните и богатење на поединци“, реагираше СДСМ. Од Левица порачаа дека со законот се создава систем во кој институцијата, во случајот Фондацијата, во голема мера сама ќе ги определува правилата според кои ќе ги троши парите. Реагираше и опозициската ЛДП.  (Б. Ѓ.)

ИЗДВОЕНИ