Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода Т.Р. (73) од Охрид, откако бил пријавен дека вперил пиштол кон 51-годишен скопјанец по недоразбирање околу паркирано возило.
„На 1 август 2026 година во 13:05 часот во Охрид, полициски службеници го лишија од слобода Т.Р. (73), постапувајќи по пријава дека околу 12 часот, во ходник од станбена зграда, по претходно недоразбирање околу паркирано возило, вперил пиштол кон Г.К. (51) од Скопје“, информираат од полицијата.
При претрес во домот на осомничениот биле пронајдени и одземени дозвола за оружје, пиштол и пушка марка „Застава“, куршуми и резервни делови. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.












