недела, август 2, 2026
Дома СВЕТ Германски суд пресуди дека споредувњето на државата Израел со фашизам не е...

Германски суд пресуди дека споредувњето на државата Израел со фашизам не е кривично дело

0

Германски суд пресуди дека споредувањето на државата Израел со нацистичкиот режим не претставува кривично дело.

Вишиот суд во Цвајбрикен ослободи корисница на „Инстаграм“ кој направи паралела помеѓу постапките на Израел и методите на нацистичкиот режим во неколку објави, користејќи свастика и знамето на нацистичката партија.

Судот ја заснова својата одлука, објавена претходно оваа недела, на правото на слобода на говор. Според толкувањето на судот, кривичното дело користење на симболите на неуставни организации не се извршува ако некој ги користи овие симболи за остро критикување на методите на државата Израел. Судот смета дека авторката на тој начин јасно се дистанцира од неправдите од нацистичката ера и ги осудува.

Во една објава, корисничката сподели табела во која ги споредува постапките на нацистите со постапките на Израел во конфликтот на Блискиот Исток. Над табелата имаше фотомонтажа на која се гледа израелското знаме од едната страна и нацистичкото знаме од другата со делумно видлива свастика.

Друга објава покажа ѕид со Давидова ѕвезда во центарот на нацистичкиот симбол. На сликата, војниците пукаа од ѕидот во оградената област, додека крв течеше под ѕидовите. Објавата беше придружена со хаштазите #freepalestine и #gazaunderattack.

Оваа одлука ја поништи пресудата на понискиот суд во Лудвигсхафен, кој првично ја казни жената со 2.400 евра за користење на симболот на неуставни организации.

Судскиот совет на повисокиот суд предупреди дека дефиницијата за ова кривично дело не треба да се толкува премногу широко, особено кога се зема предвид слободата на изразување.

ИЗДВОЕНИ