Одлуката на Уставниот суд ја отстрани правната неизвесност дека линеарното покачување на пензиите е уставно прифатливо и останува во сила. Ова значи дека сите пензионери во април ќе добијат покачување од 1.000 денари, со најголем процентуален ефект кај оние со пониски пензии. Реакциите се поделени – пензионерите со помали примања ја поздравуваат мерката, но оние со повисоки пензии сметаат дека не се правично третирани и нивното реално покачување е значително намалено. Тоа значи дека со одлуката, сите пензионери ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари, без разлика на износот на пензијата. За минималните пензии до 19.228 денари, тоа претставува покачување од приближно 10,4 %, за просечните до 28.500 денари е околу 4,3 %, а за повисоките (околу 2,7 %) и за високите пензии од 45.277 до 63.517 денари е 1,8 %, како и за оние над 63.517 денари е приближно 1,57 %. Дебатата за најправеден модел на усогласување останува отворена, додека понатамошното покачување ќе се пресметува според инфлацијата и растот на платите.

Уставниот суд ја запре постапката за оцена на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година, со што линеарното зголемување на пензиите останува во правниот поредок. Оваа одлука го отстрани сомнежот за неуставност и ја затвори правната неизвесност што висеше со месеци околу моделот на линеарно усогласување, воведен како привремено решение наместо редовниот процентуален механизам за усогласување.
Со одлуката, сите пензионери ќе ја добијат мартовската пензија зголемена за 1.000 денари, без разлика на износот на пензијата. За минималните пензии до 19.228 денари, тоа претставува покачување од приближно 10,4 %, за просечните до 28.500 денари е околу 4,3 %, а за повисоките (околу 2,7 %) и за високите пензии од 45.277 до 63.517 денари е 1,8 %, како и за оние над 63.517 денари е приближно 1,57 %.
Реакциите на пензионерите се поделени. Пензионерите со пониски примања ја поздравуваат одлуката, сметајќи дека линеарното покачување ќе ја подобри нивната куповна моќ и ќе го намали јазот со другите. Од друга страна, пензионерите со повисоки и со високи пензии изразуваат незадоволство, бидејќи со линеарното зголемување добиваат ист износ како и оние со помали пензии, додека со редовното процентуално усогласување би добиле повисоки износи. Сметаат дека со линеарните зголемувања голем дел од пензионерите се „оштетени“ во однос на тоа што со правично процентуално усогласување би добиле повисоки износи на пензиите (пример, за пензија од 25.000 денари, процентуалното зголемување би дало повеќе од 1.000 денари).
Постапката за оценување на уставноста на член 2 од измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување од 2025 година беше поведена по иницијатива на Добрила Кацарска, по што еднаш веќе се гласаше и иницијатива не помина. Судот одлучи да го повтори гласањето по изборот на деветтиот судија.
– Сегашната одлука беше донесена затоа што, според Судот, линеарното зголемување на пензиите што го предвидува тој може да ги наруши уставната еднаквост, правото на сопственост и начелото на социјална сигурност, бидејќи еднакво ги третира пензионерите со различни придонеси и создава непропорционални ефекти. Во целост, одлуката на Уставниот суд ја потврдува примената на линеарното зголемување како мерка што овозможува еднакво зголемување за сите пензионери, со посебен ефект на оние со пониски пензии, додека дебатата за праведноста во однос на повисоките пензии останува отворена – стои во образложението на Уставниот суд.
Натамошните пресметки за пораст на пензиите (следното зголемување е во септември годинава) ќе бидат според законското усогласување во однос на стапката на инфлација и растот на просечната плата. Инаку, Фондот за ПИОМ редовно им исплаќа пензија на преку 348 илјади пензионери.
(С. Бл.)












