Општина Гази Баба доделува финансиска поддршка од 2.500 денари на пензионери со ниски пензии, со цел, подобрување на нивната социјална и економска сигурност. За таа цел е распишан јавен повик.
На јавниот повик може да учествуваат жители на Општина Гази Баба, да бидат приматели на старосна, семејна, инвалидска пензија или социјална пензија (право на социјална сигурност), а висината на пензијата да не надминува 23.000 денари месечно.
Тие што сакаат да аплицираат треба да достават: барање за доделување на финансиска поддршка на пензионери во социјален ризик, фотокопија од лична карта, фотокопија од трансакциска сметка, чек од банка за последна примена пензија, за корисници на социјална пензија: потврда или решение издадено од надлежниот Центар за социјални работи (ЦСР Гази Баба).
Барањата за финансиската поддршка можат да се поднесат од денеска до 20.05.2025 година, или до исцрпување на предвидените средства, по принципот „прв дојден – прв услужен“.
За оваа намена, Општина Гази Баба има обезбеди вкупно 7.695.000 денари.