понеделник, септември 21, 2026
Дома СКОПСКА Вонредна дератизација во Центар

Вонредна дератизација во Центар

12

Општина Центар денеска и утре спроведува нова вонредна дератизација на повеќе критични локации на територијата на општината.

Со акцијата се опфатени Буњаковец, Капиштец, Градски ѕид , на локации каде што е забележана зголемена појава на глодари и има пријави од граѓаните.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, истакна дека состојбата на терен ќе продолжи да се следи.

-Ова е втора вонредна дератизација во последниве два месеца. Претходно имавме редовна пролетна дератизација, а пред нас е и есенската. Но, само со дератизација не се решава проблемот – рече Герасимовски.

Тој апелираше до Град Скопје и надлежните градски јавни претпријатија за редовно празнење и одржување на контејнерите, како и за одржување на канализационата инфраструктура.

-Ваквите инвестации се решаваат со системски пристап, каде треба да бидат вклучени сите надлежни институции, бидејќи проблемот не е само во една општина, туку пошироко. Како Општина, ги повикувам граѓаните да ги пријавуваат ваквите појави за да можеме навремено да постапуваме – потенцираше Герасимовски.

Општина Центар ќе продолжи да ја следи состојбата на терен и да презема мерки за одржување на чиста, безбедна и здрава животна средина за граѓаните.

 

ИЗДВОЕНИ