Новонадежната атрактивна македонска поп-пејачка Марија Данева ја запознавме на неодамнешниот штипски „Макфест“, а очигледно е дека нејзиното естрадно време допрва започнува. И ако ја знаеме веќе од поранешните настапи во шоуто “Звезде Гранда“. Откако преубаво ни ја претстави песната „Не знам јас да губам“, таа ја почести публиката и со официјален видеозапис, а, со кој го привлекува вниманието на љубителите на домашната поп-музика. За визуелната приказна е задолжено студиото „Вацев“, со креативна насока и продукција на Вацев. Сценариото, камерата и режијата ги потпишува Ѓорѓи Вацев.
Композиторот на песната е Владимир Дојчиновски-Дојчин, кој воедно го напиша и аранжманот. Стиховите се дело на Огнен Неделковски. Песната „Не знам јас да губам“ веќе може да се слушне и на „Спотифај“, „Еjпл мјузик“, Дизер“ и останатите дигитални музички платформи. (Д. М.) фото: ФБ












