Предлог за промени во најголемата опозициска партија СДСМ денеска доставиле претставници на групата на поранешни партиски функционери организирани во Платформа „12.05“. Документот за кој се очекува да биде разгледан од раководството во архивата на оваа партија го доставија Игор Ивановски, Славјанка Петровска и Коста Начевски.
– Се надеваме дека овие предлози ќе стигнат на адресата на оној кој може да ги разбере. Во интерес на иднината на партијата и државата е во разумен рок да се преземат конкретни чекори за враќање на партијата на членството. На хистеријата одговараме со предлози, на инертноста со конкретна акција, на безидејноста со прецизен план – се наведува во нивното соопштение.
Партијата СДСМ во рамките на своето партиско соопштение денеска го објави и факсимилот на предлогот кој им бил доставен од претставниците на Платформата „12.05“. Од факсимилите се гледа дека тие му се обраќаат директно на лидерот Венко Филипче.
-Загрижени за состојбите во македонското општество секојдневно гледајќи како партијата забрзано се движи кон поминување на долната граница на егизстенцијалниот минимум, земјаќи ги предвид претходнит еобиди за твое убедување, ти се обраќаме со овие писмени предлози за чесна мисла да иницираме враќање на партијата на членството како основен предуслов за враќање на шансите на СДСМ да влезе во процес на нова демократска битка за враќање на довербата на граѓаните. Направивмне длабинска анализа на причините заради кои СДСМ е во назависна ситуација. Тоа се идеолошко обезличување, кадровскиот дефицит, пасивизирање на ОО, твојата неискреност во коминикација, неспособноста да се адресираат вистинските прашања… Мнозинство опозициски граѓани имаат впечаток дека партијата смислено и со умисла е доведена во незавидна и подредена положба
Во него се наведува дека со цел да се спречи СДСМ да западне во тотална предизборна и постизборна агонија се предлага да се преземат следните чекори и тоа последователно без исклучок.
о Неодложна и неотповиклива твоја оставка од функцијата претседател на СДСМ
о Итен избор на интегритетна, кредибилна, непристрасна и независна од актуелното партиско раководство Работна група со извршен мандат на определено време која ќе подготви плна за санација и темелни внатрешни реформи во најкус разумен рок
о Ревизија на изборот и мандатниот статус на актуелни делегати на Конгресот
о Одржување на вонреден конгрес за усојување на неопходни структурни измени
о Организирање на фер, слободни и демократски внатрешни избори
Се додава дека откако членството ќе избере нов раководен тим, во најкус можен рок ќе се пристапи кон следните чекори:
о Креирање и усвојување стратегија со прецизен акциски план за привлекување на младите во која стожерен фактор ќе биде СДСМ
о Креирање на стратегија за активирање на пасивизираните членови и будење на општинските организации
о Дефинирање на нови програмски и идеолошки наративи и партиски политики на централно и локално ниво
о Градење на нов визуелен идентитет со кој силно ќе се симболизира дисконтинуитет од погрешните политики на сите минати партиски раководства, од основање на СДСМ
-Нема да дозволиме да не вовлечеш во сценарио за целосно уништување на партијата и конечно да прифатиш дека за разлика од тебе некој друг има план и искрена волја да го обедини опозициски потенцијал во интерес на сите слободоумни граѓани. Прифати ги предлозите и можеме да ти гарантираме дека ќе сториме се што е во нашата моќ да бидеш запишан на светлата страна на партиската историја. Ти си на потег, порачаа 17 потпишани членови.
Во одговорот на СДСМ на овие предлози се наведува дека пораката и целта на Платформата е да ја растурат партијата
-Во документот, преведено на народен речник:
-Венко, препушти ја партијата. План немаме. Не знаеме ни како. Мораме да ја растуриме, зашто ја крена од мртвите. А и рејтингот и на тебе и на партијата сериозно ви порасна. Ги читавме резултатите на Мицкоски.
-Секој ден сè повеќе луѓе сфаќаат дека Мицкоски лаже и дека тој и ВМРО се банда што го пљачка народот.
-Мораме да пробаме да бидеме како ЗНАМ. Да ги исечеме опозициските гласови. Како што Максо го направи тоа.
-Мораме, зашто Андреј му должи на Орце. Шема – го знаете, има свои шеми. Славјанка се заглиби со Леонардо. Куркчиев веќе се знае, 1,6 милиони евра.
-Извини, Венко. Нас нè има дури 17. За тебе гласаа повеќе од 18.000 членови. Ама биди другар. Покажи волја.
-Мицкоски не е толку лош. Навикнал на луксуз. Сака скапо. Сам вели дека го болат колената. Му фалат уште саати, уште одела, и авион.
Тоа е програмата. Нема бројки. Нема антикорупција. Нема ЕУ. Нема Лаура Ковеши и европско обвинителство. Има оставка, конгрес и нов лого. И закана: ако не прифатиш, писмото нема да остане доверливо –
Порака до Платформашите, шемаџиите, ЗНАМ 2.0 и другарите од анти-НАТО, анти-ЕУ и руската партија Левица:
-Партијата не е на продажба. СДСМ не се предава на аванс. За нас, СДСМ не вреди само 1,6 милиони евра, како за вас. Ние сме за Европа, за вистина и правда. Слободата на говорот, слободата на медиумите, демократијата, европскиот пат и иднината на нашата Македонија немаат цена! – порачаа од СДСМ. (Б.Ѓ.)












