По повод 101 година од формирањето на планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, на 22 март, недела, ќе се одржи планинарски поход до месноста Лешница на Шар Планина.
Планот за настанот предвидува поаѓање в недела, од 7:00 часот, со комби превоз пред просториите на ПК „Љуботен“ во Тетово кон село Бозовце, од каде што ќе започне пешачењето кон Долна Лешница. Пристигнувањето на Лешница е предвидено околу 10:30 часот за краток одмор, по што следува посета на кадите на Кривошијска Река, а од 14:00 часот се тргнува назад кон село Бозовце.
Исхраната е во сопствена режија, предвидена за планинарска тура до осум часа, а за искачувањето е потребна соодветна планинарска опрема. Секој учесник треба да биде во добра здравствена и психофизичка кондиција. Сите индивидуални лица кои сакаат да учествуваат мора да се приклучат на одредено друштво, клуб или организирано здружение, информираат од ПК „Љуботен“.
Пријавувањето се врши со пополнување формулар најдоцна до 20.03.2026 година, петок, до 19:00 часот, на електронската пошта: [email protected].











