Јеменското бунтовничко движење Ансар Алах, познато како Хути, би можело да го блокира стратешкиот теснец Баб ел Мандеб во Црвеното Море, како поддршка на Иран, изјави претставникот на вооружените сили на Хутите, Абед ал Саур.
Според него, бунтовниците имаат капацитет да го ограничат поморскиот сообраќај на овој важен морски премин, со што комерцијалните бродови и воените пловила, вклучувајќи ги и носачите на авиони што се движат кон САД, би можеле да бидат запрени.
Теснецот Баб ел Мандеб се наоѓа меѓу Јемен и Џибути и е една од најважните поморски маршрути во светот, бидејќи преку него минува значителен дел од трговијата меѓу Европа, Азија и Блискиот Исток.
Експертите предупредуваат дека евентуална блокада на оваа поморска маршрута би можела да предизвика сериозно нарушување во глобалната трговија и транспортот на нафта, бидејќи ја користат голем број танкери и товарни бродови на пат кон Суецкиот Канал.












