недела, јули 26, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ново спортско игралиште „Адријан и Иван“

Ново спортско игралиште „Адријан и Иван“

168

Во селото Соколарци, општина Чешиново-Облешево, е пуштено во употреба ново мултифункционално спортско игралиште, наменето за спорт и рекреација на младите.

Новиот спортски терен го носи името „Адријан и Иван“, во чест и сеќавање на момчињата кои трагично ги загубија животите во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Игралиштето симболично го пуштија во употреба градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево, Јорданче Костадинов и претставникот од Министерството за спорт, Илија Ристески.

Реализацијата на проектот е со поддршка од Министерството за спорт и Владата на Република Македонија.

Од општината посочуваат дека игралиштето ќе биде место каде што младите ќе спортуваат, ќе се дружат и ќе создаваат убави спомени, но и трајно потсетување на нивните сограѓани кои прерано го загубија животот. 

ИЗДВОЕНИ