петок, јуни 5, 2026
Дома СВЕТ Пилотот и копилотот загинаа откако авион на Ер Канада удри во возило...

Пилотот и копилотот загинаа откако авион на Ер Канада удри во возило на аеродромот во Њујорк/ВИДЕО

1430
Screenshot (Youtube/Firstpost)

Авион на Ер Канада се судрил со возило на Пристанишната управа на Њујорк по слетувањето на аеродромот Ла Гвардија, при што загинале пилотот и копилотот, а уште две биле повредени, објави CNN.

Околу 23:40 часот, авион на „Џез Авиејшн“ што работел во име на Ер Канада удрил во возило за спасување и гаснење пожар (ARFF) на Пристанишната управа кое реагирало на друг инцидент, соопшти Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, објави CNN.

„Протоколите за итни случаи беа веднаш активирани“, рече портпаролот.

„Аеродромот моментално е затворен за да се овозможи одговор и темелна истрага“, се вели во соопштението.

Две лица кои се наоѓале во камионот, се повредени во судирот, објави CNN. Камионот претходно добил дозвола за движење и бил упатен кон блискиот авион кој побарал помош поради непознат мирис во пилотската кабина.

Пристанишната управа не објави информации за повредениѕе. Фотографиите и видеото од местото на настанот покажуваат сериозна штета на предниот дел од авионот, објави CNN.

Компанијата „Џез“ го потврди инцидентот рано наутро во понеделникот, во кој учествувал авионот на Ер Канада на летот 8646 од Монтреал. Според прелиминарниот список, авионот CRJ-900 превезувал 72 патници и четири члена на екипажот.

ИЗДВОЕНИ