Пицерија во скопски аеродром објави предупредување до дуќанџиите и сопствениците на локали во околината, откако, како што наведуваат на Фејсбук објавата дека во нивниот локал се случила кражба. Лица, за кои од пицеријата тврдат дека се мигранти, им одзеле пари. Од угостителскиот објакет велат дека инцидентот е забележан на безбедносните камери и дека случајот е пријавен во полиција. Тие ги повикаа сопствениците на дуќани и локали во Аеродром и околината да бидат особено внимателни и да преземат дополнителни мерки за заштита. Во објавата упатија и апел предупредувањето да се споделува за да стигне до што повеќе луѓе и локални бизниси.
Од СВР Скопје го потврдија случајот
„На 27.10.2026 во 18:50 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа Д.Е.Х.(24) и М.А.(23), двајцата од Алжир, постапувајќи по претходна пријава од С.Ј.(23) од Скопје, сопственик на угостителски објект на подрачјето на Аеродром во Скопје, дека околу 16:00 часот од шанкот во објектот му одзеле пари. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, се наведува во Билтенот на МВР












