Иранскиот претседател Масуд Пезекијан го опиша рамковниот договор со Соединетите Американски Држави, кој треба да биде потпишан во Швајцарија во петок, како дипломатска победа за неговата земја.
„Не треба да дозволиме оваа можност, која би можела да ја извлече земјата од моменталната ситуација, да ни се испушти. Можеби нема да се повтори“, рече Пезекијан, објави новинската агенција ISNA.
Пезекијан постојано се залага за дипломатски решенија и го поддржува преговарачкиот тим предводен од главниот преговарач Мохамед Багер Галибаф и министерот за надворешни работи Абас Аракчи. Иранскиот претседател рече дека се надева дека рамковниот договор ќе реши многу од проблемите на земјата и ќе отвори ново поглавје.
Иран со години е во тешка економска криза поради меѓународните санкции, која драматично се влоши од почетокот на војната кон крајот на февруари и по прекинот на огнот во април.
Нуклеарниот договор со САД би можел да доведе до укинување на санкциите и, следствено, до закрепнување од тешката економска состојба во земјата, пренесе „Хина“.












