вторник, јуни 9, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Петгодишно дете од гостиварско се затруло со лековите на баба му

Петгодишно дете од гостиварско се затруло со лековите на баба му

20

СВР Тетово информира дека вчера попладне во 18:40 часот, полициски службеници од Полициска станица – Гостивар извршија разговор во Педијатриското одделение во гостиварската болница каде поради труење со лекови било донесено 5 годишно дете од селото Чегране.

Како што информираат, мајката на детето (25 години) рекла дека настанот се случил околу 17 часот, додека таа била на работа, а детето било под надзор на неговите баба и дедо во нивната куќа. Детето ги зело апчињата на бабата и ги голтнало, по што кај него се појавиле компликации.

Детето во контактибилна состојба било донесено во болница и по укажаната првична медицинска помош, било префрлено на Детската клиника во Скопје.

ИЗДВОЕНИ