Естрадната мега-ѕвезда Јелена Карлеуша, вчеравечер, одржа празничен концерт по повод Новата 2025, претстојната Старо-нова Православна година и божиќните празници, а музичкиот спектакл беше пренесуван и на малите ТВ-екрани.
Се сè случи пред „Куќата на цвеќето“, во која инаку, почива маршалот на Југославија, Јосип Броз Тито. Неговата некогашна пионерка Карлеуша ги испеа своите најголеми хитови, во сосема нов аранжман. Освен тие песни, Јелена испеа, во живо и една нова („Зошто те нема“) со која емотивно ѝ се обрати на својата почината мајка Дивна Карлеуша, поранешна новинарка во Радио-Белград.
– За тебе, моја мила мајко, кусо порача Јелена, и се сврти со главата на страна, бидејќи беше обземена од премногу солзи.