Песков: Доаѓањето на Вучиќ и Фицо во Москва е херојски чин

259
EPA-EFE/YURI KOCHETKOV

Доаѓањето на српскиот претседател Александар Вучиќ и словачкиот премиер Роберт Фицо во Москва за да ја прослават 80-годишнината од победата над фашизмот и нацизмот е херојски чин, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Во наше време, особено ако зборуваме за Вучиќ и Фицо, ова е едноставно херојски чин, бидејќи покажува суверена волја да се оддаде почит на сеќавањето, на Денот на победата, и покрај очигледниот, незауздан притисок. Ова е достојно за највисоки пофалби“, рече Песков, а пренесе агенцијата ТАСС.

Вучиќ и Фицо денеска присуствуваа на парадата за Денот на победата во Москва. Вучиќ во Москва отпатува преку Бугарија, Турција и Азербејџан, бидејќи Латвија и Литванија претходно одбија да му дозволат да прелетува над нивните територии.

Фицо утринава пристигна во Русија летајќи преку Унгарија и Романија, откако во средата објави дека Естонија нема да дозволи неговиот авион да лета над нејзина територија, нарекувајќи го намерен обид за саботирање на неговата посета на Москва.

ИЗДВОЕНИ