
Реал Мадрид ги шокираше сите со својата одлука да потпише со 19-годишниот играч од Брегот на Слоновата Коска, Јан Диоманде. За неговото обесштетување беа издвоени 125 милиони евра, а РБ Лајпциг ќе има можност да заработи дополнителни пари преку бонуси.
Сепак, судејќи според стартот на младиот напаѓач во Мадрид, тешко дека ќе им се радуваат челниците на германскиот бундеслигаш на договорените бонуси. Диоманде не покажа апсолутно ништо на шест натпревари и во моментов е неефикасен.
Познатиот француски аналитичар и поранешен фудбалер, Жером Ротен, тврди дека Диоманде технички е далеку зад своите соиграчи од Реал и дека ќе мора многу брзо да се подобри ако сака да остане во Реал.
– Постои огромна разлика помеѓу Јан Диоманде и остатокот од тимот на Реал Мадрид. Технички, сè уште има премногу недостатоци во неговата игра. Не велам дека тој е неуспехот на летото, но ќе мора брзо да се подобри – вели Ротен.
Диоманде имаше многу добра сезона во РБ Лајпциг, сепак, неговиот настап на Светското првенство беше катастрофален, каде што дури и не успеа да погледне кон голот.
На Реал Мадрид не му беше важно, клупските челници решија да го доведат во своите редови и да потрошат многу пари.
„Кралскиот клуб“ во минатото имаше низа промашувања. Најдобар пример е Лука Јовиќ, кој, исто така, пристигна во Мадрид на многу рана возраст, за огромна сума, а потоа едвај се избори за скромна минутажа.
Времето ќе го даде најточниот одговор на прашањето дали е ова минлива криза за Диоманде или погрешна пресметка на Реал Мадрид. Засега младиот фудбалер има можност да докаже дека притисокот од најголемиот трансфер во неговата кариера нема да го скрши.











