
Стандардниот првотимец во дресот на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, е најновата желба на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, открија британските медиуми. Каталонскиот стручњак е убеден дека 25-годишниот играч за врска може да биде достојна замена на Кевин де Бруин, но е сфесен и дека официјалната понуда за обештетувањето не смее да биде помала од 50 мил. фунти.