Најновата АТП-листа покажува дека, за првпат по 7 октомври 2002 година, ниту еден од членовите на „Големата тројка“ не е меѓу најдобрите десет тенисери во светот.
По раната елиминација на УС Опен, Новак Ѓоковиќ испадна од друштвото на десетте најдобри играчи во светот.
Поминаа 1.227 недели – или речиси 24 години – откако листата на десетте најдобри последен пат беше без Новак или, во најмала рака, без Роџер Федерер и Рафаел Надал.
Федерер не излезе од првите десет од тој период па сè до ноември 2016 година, низа што вклучуваше 237 последователни недели на првото место.
Надал влезе во топ 10 како 18-годишник во април 2005 година и остана таму до март 2023 година – рекордни 912 последователни недели.
Новак првпат влезе меѓу најдобрите десет во март 2007 година и отсуствуваше само во периодот меѓу ноември 2017 и јули 2018 година, кога беше надвор од терените поради повреда.
Еве како изгледаше АТП-листата кога „Големата тројка“ последен пат не беше меѓу најдобрите десет:
1. Лејтон Хјуит
2. Томи Хас
3. Андре Агаси
4. Марат Сафин
5. Тим Хенман
6. Хуан Карлос Фереро
7. Алберт Коста
8. Себастијан Грожан
9. Карлос Моја
10. Евгениј Кафелников












