Пеп прво честиташе, а потоа му се закани на Ливерпул

172
epa11861908 Manchester City manager Pep Guardiola stands on the touchline during the UEFA Champions League match between Manchester City and Club Brugge in Manchester, Britain, 29 January 2025. EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул, но веднаш потоа испрати јасно предупредување.

Тимот предводен од шпанскиот тренер го победи Нотингем Форест и се пласираше во финалето од англискиот ФА Куп.

По натпреварот Гвардиола на прес-конференција му честиташе на Ливерпул за освоената титула, но и упати и закана.

„Само момент, пред да почнам, во мое лично име и во име на клубот што го тренирам сакам да им честитам на новиот шампион на Англија, тимот на Ливерпул“

Веднаш потоа следуваа заканите и предупредувањата од Гвардиола.

„На нас тоа ни се случи во изминатите четири години, сега повторно ќе се обидат да го освојат, но следната година ќе бидеме подобри и ќе се бориме до последниот гол, а тоа не беше можно оваа сезона“, изјави Гурадиола.

Потоа, трофејниот стручњак уште еднаш му честиташе на тимот на Ливерпул.

Последен пат тимот на Ливерпул беше шампион во сезоната 2019/2020, а потоа доминираше Манчестер Сити. Ливерпул сега може да одмори бидејќи стана шампион, додека тимот на Манчестер Сити има уште многу да игра до крајот на сезоната.

Тие се борат за пласман во Лигата на шампионите, а треба да играат и финале во ФА Купот. Противник во тоа финале ќе им биде Кристал Палас на „Вембли“ во средината на мај.

Манчестер Сити двапати под водство на Пеп Гвардиола го освојуваше трофејот во ова натпреварување и сигурно дека ќе се обиде и трет пат.

ИЗДВОЕНИ