вторник, февруари 24, 2026
Дома СКОПСКА Пензионерите од Смилковци добија клуб

Пензионерите од Смилковци добија клуб

459

Општина Гази Баба отвори пензионерски клуб во населеното место Смилковци, место каде највозрасни жители ќе можат да се дружат, да рекреираат и да уживаат во различни активности.

-Клубот е создаден со цел да им обезбеди на пензионерите простор за дружење, размена на искуства и учество во забавни, едукативни и рекреативни програми. Веруваме дека ова ќе биде едно прекрасно катче за сите оние кои сакаат да бидат активни во третата доба од животот – истакнаа од Општина Гази Баба.

Благодарение на одличната соработка на Општина Гази Баба со Здружението на пензионери – Гази Баба  во изминатиот период се отворени пензионерски клубови и во Инџиково и Стајковци.

За неколку денови клуб на пензионерите ќе отвориме и во Колонија.

 

ИЗДВОЕНИ