среда, ноември 18, 2026
Дома МАГАЗИН Пејачката Сека им порачува на родителите: „Не е нормално децата да јадат...

Пејачката Сека им порачува на родителите: „Не е нормално децата да јадат кавијар, нормално е да јадат  полнети пиперки“

1

Пејачката Сека Алексиќ, која секоја сабота ја гледаме на ТВ Сител во забавната емисија „Пепси-шоу“, има два сина за кои вели дека не сака од нив да направи разгалени плачковци. За тоа како ги воспитува, Сека проговори отворено, а истите совети им ги прати на сите совесни родители.

– Сосема е нормално децата да јадат грав два дена или полнети пиперки, мусака, ориз, спанаќ и сарма. Не е воопшто нормално секој ден да јадат кавијар, ракчиња, лигни, јастог, школки, месо од ајкула или нешто слично. Тоа не е нормално. Како што не е нормално секој ден децата да снимаат море од терасата во некој скап хотел во Дубаи. Нормално е тие да бидат дома, а не во Дубаи.

Затоа, драги родители, не учете ги децата на тие лажни вредности. Како што е нормално детето да носи иста тренирка три дена на училиште, сè додека не ја извалка.   Кога ќе ја извалка, ќе ја испереме – многу искрено кажа оваа популарна пејачка. Меѓутоа, со ваквите изјави, таа предизвика голема нервоза кај најбогатиот дел од народот. Тие воопшто не се сложуваат со Сека.   (Д. М.)

 

 

 

ИЗДВОЕНИ