Чуда во спортот се можни и се случуваат кога најмалку ги очекувате. Така Џош Стрикленд го шокираше непобедливиот Хамзат Чимаев, одземајќи му го појасот на настанот „УФЦ 328“. Спектакуларна борба во Њу Џерси и резултат што малкумина го очекуваа.
Американскиот борач на крајот победи со поделена одлука и со тоа го освои појасот во средна категорија. Така, Чеченецот го претрпи својот прв пораз и покажа ферплеј. Го зеде појасот и го стави околу половината на својот ривал, со честитки.
Хамзат беше голем фаворит, се очекуваше уште една победа, но на крајот судиите одлучија дека Стрикленд е подобар.
- Сакам да им се извинам на американските навивачи, како и на муслиманските и христијанските навивачи, што отидов предалеку. Ве почитувам сите. Чеченија има одлични борачи, Хамзат е „ѕвер“. Треба да им дадам подобар пример на сите, но се обидувам да ги „продадам“ овие борби – рече Џош по натпреварот, алудирајќи на некои контроверзни изјави што ги даде пред борбата.











