петок, ноември 20, 2026
Дома БАЛКАН Мајката на Данка Илиќ во судница: Откри точно кога ја изгубила од...

Мајката на Данка Илиќ во судница: Откри точно кога ја изгубила од вид својата ќерка

0

Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка Илиќ, денеска сведочеше во Вишиот суд во Неготин, во рамките на судењето против лицата обвинети за убиството на девојчето – Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ. Мајката на Данка Илиќ плачеше додека раскажуваше зошто тој кобен ден ги однела своите деца во Бањско Поље, како го поминувале времето во дворот и моментот кога сфатила дека Данка ја нема.

Ивана Илиќ објасни дека пораснала во Бањско Поље и сакала да ги однесе своите деца на место поврзано со убави спомени од детството.

„Можев да ги однесам во парк, но Данка се шеташе наоколу, а мојот постар син беше многу енергичен, не се чувствував сигурна да одам сама со нив во парк, а сопругот ми беше на работа. Одлучив истиот ден да ги однесам во Бањско Поље. Си играв со децата и го прашав постариот син дали сака да шутира топка“, започна Ивана со своето сведочење, нагласувајќи дека никој друг не влијаел врз нејзината одлука.

Данка Илиќ исчезна на 26 март 2024 година. Тој ден, Ивана Илиќ со автомобил допатувала од Бор, заедно со своите деца, до имот што ѝ припаѓа на нејзиното семејство. Додека му давала вода на синот, ја изгубила Данка од вид, а детето исчезнало без трага. Во обвинението поднесено од Вишото јавно обвинителство во Заечар против Д. Д. и С. Ј. се наведува дека тие налетале на девојчето на асфалтиран пат – каде што таа залутала – ја удриле со автомобилот, ја ставиле во возилото, ја задавиле, а потоа нејзиното тело го фрлиле на депонија. Во обвинението понатаму се тврди дека, два дена подоцна, тие го преместиле телото на непозната локација, пренесува „Курир“.

Додека беше на клупата за сведоци, мајката на Данка опиша кога последен пат ја видела својата ќерка. „Последниот пат кога ја видов Данка, таа веќе беше почнала да се качува на едно мало возвишение во дворот, а во меѓувреме, син ми пиеше вода – проценувам дека тоа траеше околу три минути. Целото време го гледав синот, а кога погледнав да видам каде е Данка, неа ја немаше. Го дворот со поглед, но никаде не ја видов, па почнав да викам: ’Данка, Данка!‘ Кога сфатив дека ја нема, му се јавив на сопругот и му реков: ’Данка ја нема‘. Тој ми рече да повикам полиција“, раскажа Ивана низ солзи.

Мајката на девојчето изјави дека потоа излегла на улицата, каде што забележала бел автомобил во кој седел маж, додека друг маж стоел покрај портата, свртен со грб кон неа. „Дури и не ги регистрирав, не ни забележав кога се качија во автомобилот и заминаа. Бев фокусирана на тоа да ја најдам Данка. Кратко потоа пристигна сопругот, а дојде и полициско возило. На полицијата дури и не ѝ спомнав дека претходно видов луѓе на улицата, а се сетив на тоа дури два дена подоцна“, сведочеше денеска Ивана пред судот.
На прашањето од обвинителот зошто не им се обратила на тие луѓе за помош, таа кратко одговори: „Не ми ни падна на памет“.

Ивана исто така нагласи дека, сè до тој ден, немала непријатели, никој не ѝ се заканувал, а ниту таа ниту нејзиниот сопруг никому не должеле пари. Зборувајќи за здравствената состојба на Данка, таа напомена дека девојчето претходно имало епизоди на губење на свеста, поради што ја носеле на прегледи кај лекари и кај невролог во Белград.

„Се случувало, кога ќе заплачеше – кога стануваше неутешна – да падне и да изгуби свест. Последниот пат кога изгуби свест беше некаде во јануари 2024 година. Можно е да изгубила свест и тој кобен ден, доколку се исплашила во моментот кога ја изгубив од вид“, изјави мајката на девојчето.

За време на сведочењето на Ивана Илиќ, во судницата беа присутни и обвинетите Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои со лисици на рацете беа донесени од притвор во Вишиот суд во Неготин. Вчера тие ја изнесоа својата одбрана пред судот, тврдејќи дека не го убиле девојчето.

ИЗДВОЕНИ