среда, септември 23, 2026
Дома СКОПСКА Oтворени училишните спортски лиги во Kарпош

Oтворени училишните спортски лиги во Kарпош

1

Во присуство на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска на спортските терени во ООУ „Јан Амос Коменски“, официјално беа отворени овогодинешните училишни спортски лиги. Градоначалникот Лукровски ги поздрави присутните и истакна дека Општина Карпош континуирано вложува во спортот и обезбедува поддршка за младите спортисти и спортските таленти.

– Овие училишни спортски лиги се одлична можност, нашите ученици од сите десет основни училишта, активно да спортуваат преку целата година, развивајќи го на тој начин спортски дух, компететивноста, но и дисциплината. Во спортот како што велат, најважно е да се учествува, но исто така, важно е и да се победува. Се надевам дека еден ден, како спортисти, гордо ќе го носите и претставувате и репрезентативниот дрес на Македонија, а ние како раководство на нашата Општина, сме тука за да ви обезбедиме максимално добри  услови за да можете вие да го развивате вашиот спортски потенцијал – нагласи Лукровски.

И оваа година, училишните спортски лиги традиционално ќе се одржуваат во фудбал и кошарка за момчиња, како и одбојка за девојчиња.

Натпреварите во кошарка и одбојка ќе се одржуваат во спортската сала „Партизан“, додека фудбалските натпревари ќе се играат на спортските терени во населбата Влае.

-Со реализацијата на училишните спортски лиги, Општина Карпош продолжува да создава можности за активно спортување, дружење и развивање на спортските вештини кај најмладите – велат од локалната самоуправа.

ИЗДВОЕНИ