Отворен е нов шелтер-центар наменет за заштита и поддршка на жртвите на семејно насилство.
Скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски, информираше дека со потпишувањето договор, на националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство „Глас против насилство“ ѝ е отстапен стан во сопственост на Град Скопје, со што се обезбедува сигурен простор за згрижување и помош.
Центарот ќе нуди заштита, советување и поддршка, со цел жртвите да добијат безбедно засолниште и можност за нов почеток. Од безбедносни причини, локацијата на објектот не се открива јавно.
– Оваа активност е дел од заложбите на Град Скопје за градење безбедна, солидарна и инклузивна заедница, како и за зајакнување на соработката со граѓанскиот сектор во борбата против семејното насилство – велат градските власти.












