epa12502614 An Indian vendor shows gold jewellery to a customer at a shop in Mumbai, India, 04 November 2025. Gold prices rise in India amid a softer dollar and strong spot demand. EPA/DIVYAKANT SOLANKI

Рударската компанија Ердемир, објави дека открила околу 424.000 унци злато во турската покраина Сивас, чија вредност се проценува на 1,7 милијарди долари.
Како што е наведено, станува збор за локација која моментално е класифицирана како „можен извор“ според стандардите UMREK и JORC, а истражните активности на терен продолжуваат, објавува Хириџет.

Досега, околу 45 хектари од вкупно 5.804 хектари од областа каде што е дозволено истражување се испитани како дел од археолошката и геолошката работа.
Извршени се 360 дупчења во вкупна должина од речиси 97.000 метри, а резултатите се анализирани во меѓународно овластена лабораторија во Анкара.

Просечната содржина на злато се проценува на 0,89 грама на тон руда.
Во следната фаза ќе се изврши дополнително дупчење за да се провери густината и точната распределба на рудата, што ќе овозможи премин од статусот „можен извор“ кон „докажани резерви“.

Наоѓалиштето се третира како еден од потенцијално важните домашни извори на злато, бидејќи Турција се стреми да ја намали својата зависност од увоз на скапоцени метали и стратешки суровини.

Бруто пазарната вредност по денешните спотни цени на златото е речиси 1,7 милијарди долари, но ова е теоретска бруто проценка без трошоци.

ИЗДВОЕНИ