недела, ноември 29, 2026
Дома СВЕТ ШПАНИЈА НА НОЗЕ ПО РЕКОРДНАТА ИЗЛЕЗНОСТ: Првите излезни анкети ѝ даваат предност...

ШПАНИЈА НА НОЗЕ ПО РЕКОРДНАТА ИЗЛЕЗНОСТ: Првите излезни анкети ѝ даваат предност на десницата

1
Фото: EPA/Raquel Manzanares
По затворањето на сите избирачки места во Шпанија (вклучително и на Канарските Острови во 21:00 часот) и почетокот на официјалното броење на гласовите, пристигнаа првите излезни анкети. Според нив, се очекува победа на конзервативната Народна партија (PP), што отвора можност за коалиција со крајно десничарската партија „Вокс“ (Vox).
Според анкетата на агенцијата „Сигма Дос“ (Sigma Dos), спроведена за шпанскиот јавен сервис RTVE, Народната партија (PP) би можела да победи на денешните општи избори со освоени 32,7% од гласовите, обезбедувајќи меѓу 131 и 136 пратенички места. За „Вокс“ се предвидуваат 16,2% од гласовите – што би значело меѓу 44 и 48 пратенички места.
Врз основа на овие проценки, партиите предводени од Алберто Нуњез Феихоо и Сантијаго Абаскал би можеле да освојат меѓу 175 и 184 пратенички места, со што се наоѓаат на самиот праг или над потребните 176 мандати за апсолутно мнозинство во 350-члениот парламент.
За Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE) на премиерот Педро Санчез се предвидуваат меѓу 119 и 124 пратенички места, додека коалицијата „Широк фронт“ (Frente Amplio) би можела да освои меѓу 15 и 16 места. Според истата анкета, партијата „Подемос“ (Podemos) не би освоила ниту едно пратеничко место во Конгресот.
Првите прелиминарни резултати од преброените гласови веќе почнаа да пристигнуваат по 21:00 часот, а појасна слика за конечниот исход се очекува до полноќ. Според податоците на шпанското Министерство за внатрешни работи, на денешните вонредни избори (29 ноември 2026 година) е забележана рекордна излезност од 68,15% до 18:00 часот.

ИЗДВОЕНИ