Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болките во колената предизвикани од остеоартрит кај пациентите што веќе биле третирани со аналгетици и лекови против болка или, пак, претходно не биле докрај успешно завршени соодветните третмани
Причините за оштетувањето на ‘раскавицата најчесто се јавуваат како резултат на дегенеративен процес, но дополнително проблемот може да биде предизвикан и како резултат на телесната тежина и на слабата физичка активност или на преоптоварувањето на зглобот на коленото, што доведува до ваков резултат.
Инјекциите со хијалуронска киселина се користат за третман на болките во колената предизвикани од остеоартрит кај пациентите што веќе биле третирани со аналгетици и лекови против болка или, пак, претходно не биле докрај успешно завршени соодветните третмани.
Важно е да знаете
Хијалуронска киселина се дава како исхрана на ‘рскавицата од зглобовите, за подмачкување на зглобните површини и за намалување на механичкото триење во самиот дел на зглобот.
Имплементирањето на самата киселина вo зглобот треба да биде ординирано исклучиво од страна или под директен надзор на физиотерапевт, ортопед, физиотерапевт или хирург.
Како физиотерапевт со секојдневна практика, често ваквите состојби се дел од нашата секојдневна работна терапија. Важно е да знаете дека хијалуронската киселина е природна супстанција што нормално се наоѓа во зглобовите и дејствува како подмачкувач и ублажувач на ударите во самите зглобови за нормално функционирање. Кај остеоартритот, количината на хијалуронска киселина во засегнатите зглобови се намалува и се препорачува надополнување преку вискосуплементација, што буквално значи инјектирање хијалуронска киселина во зглобовите.
По инјекцијата, сѐ што треба е да внимавате да не кревате или носите тежок товар, инаку може веднаш да им се вратите на секојдневните нормални активности.
Придобивките од инјекциите со хијалуронска киселина се многубројни:
– Подмачкување на зглобот, кое го намалува триењето и ги ублажува болката и вкочанетоста.
– Противвоспалителен ефект: доведува до ублажување на болката, смирување на воспалението и намалување на формираниот оток.
– Помага за заштита на постојната зглобна ‘рскавица.
– Ја зајакнува постојната коска така што влијае директно на коскената структура, со што го олеснува притисокот врз зглобната ‘рскавица и го поттикнува телото самото да почне да создава хијалуронска киселина, со што се зголемува количината во зглобовите.

Физикална терапија
Освен ваква имплементација на вбризгувањето, дополнително се препорачува физикална терапија – кинезитерапија вежби со физиоманипулирање на самиот зглоб, како и медицинска лигаментарна масажа.
Ваквата физикална терапија треба да трае од 15 до 21 ден, рехабилитација во времетраење од 30 минути дневно.
Пред започнување на третманот со физикална терапија, задолжително мора да направите магнет-дијагностика преку која ќе можеме подетално да го утврдиме степенот на оштетеност, а со тоа да утврдиме дали ќе има позитивен ефект за да се започне со целосната здравствена процедура на лекување во ваква состојба.
(Авторот на текстот е специјалист по здравствен фитнес. Ординација за физикална терапија „Физиотерапевт Здравје – Гостивар“).












