вторник, јуни 23, 2026
Дома СВЕТ Орбан има порака за новата унгарска влада: „Ако не се борите –...

Орбан има порака за новата унгарска влада: „Ако не се борите – ќе ве прегазат“

98

Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан испрати порака до новата унгарска влада.

„Новите луѓе мора многу јасно да разберат една работа: ако не се борите за Унгарија во Брисел, бриселските бирократи ќе ве прегазат. Откажувањето од нашиот патриотски став и предавањето на националниот суверенитет поради пари или политичко одобрување би било историска грешка“, напиша Орбан на социјалната мрежа Икс.

Неговата реакција доаѓа ден по положувањето заклетва на новиот унгарски премиер Петер Маѓар, кој речиси еден месец по изборната победа официјално ја презеде функцијата.

„Нема да владеам со Унгарија, туку ќе ѝ служам на својата држава“, порача Маѓар по заклетвата во парламентот.

ИЗДВОЕНИ