недела, јули 5, 2026
Дома СПОРТ Нов удар за Реал! Мбапе не игра во Ел Класико

Нов удар за Реал! Мбапе не игра во Ел Класико

253
EPA/JULIO MUNOZ

За вечерва во 21 часот е закажано новото Ел Класико на стадионот „Камп Ноу“. Барселона ќе биде домаќин на Реал Мадрид, кој ќе биде без Килијан Мбапе. Списокот на играчи на кои смета тренерот Алваро Арбелоа е објавен на X налогот на „Лос Бланкос“.

Францускиот интернационалец, кој е на удар на навивачите, исто така го нема, но закрепнатиот голман Тибо Куртоа се врати во тимот.

Според неофицијални информации, Мбапе го напуштил вчерашниот тренинг пет минути пред крајот. Очигледно, се пожалил дека не се чувствувал подготвен.

Значи, Арбелоа не може да смета на него.

На списокот се наоѓаат и голманите: Куртоа, Андреј Лунин, Серхио Местре, како и фудбалерите: Давид Алаба, Трент Александар-Арнолд, Раул Асенсио, Алваро Карерас, Фран Гарсија, Антонио Ридигер, Дин Хајсен, Давид Хименез, Џуд Белингам, Едуардо Камавинга, Аурелиен Чуамени, Тијаго Питарч, Хорхе Кастро, Цезар Паласиос, Винисиус Жуниор, Гонзало Гарсија, Брахим Дијаз и Франко Мастантуоно.

Тука е и парично казнетиот Чуамени, ​​но не и Федерико Валверде. За потсетување, тие ќе мора да платат по 500 илјади евра поради судирот.

Барселона е лидер на табелата во Примера со 88 бода и доколку не загуби вечерва, ќе ја брани шампионската титула со три кола до крајот на првенството. Реал е втор на табелата со 77 бода.

ИЗДВОЕНИ