четврток, јуни 4, 2026
Дома СВЕТ Орбан го заострува ставот: „Ќе ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја...

Орбан го заострува ставот: „Ќе ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја добиеме нафтата“

51
EPA/HUNGARIAN PM'S GENERAL COMMUNICATION DEPARTMENT HANDOUT HUNGARY OUTHANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Унгарија, која го блокира исплаќањето на европскиот заем од 90 милијарди евра за Украина, нема да попушти сè додека Киев не ги обнови испораките на руска нафта преку нафтоводот „Дружба“, повтори денеска Виктор Орбан.

„Ставот на Унгарија е многу едноставен: ќе ѝ помогнеме на Украина кога ќе ја имаме нафтата, која ја блокираат“, изјави унгарскиот премиер пред новинарите по пристигнувањето на европскиот самит во Брисел.

„Дотогаш, не можеме да поддржиме никаков предлог во корист на Украина“, продолжи тој.

Во декември, Виктор Орбан се согласи ЕУ да ѝ додели на Украина заем од 90 милијарди евра, под услов, заедно со Словачка и Чешка, тој да не учествува во заемот.

На Киев му се потребни овие средства за да ја финансира војната против Русија во 2026 и 2027 година. Но, унгарскиот лидер, со посилен националистички став од кога било досега откако започна изборната кампања за парламентарните избори на 12 април, сè доведе во прашање.

Иако Киев тврди дека нафтоводот е оштетен во руски напад во јануари и дека брза поправка не е можна, Будимпешта не верува во овие објаснувања. За Орбан, ова е „егзистенцијално прашање“ и нагласува дека унгарската позиција нема да се помести ниту за милиметар додека енергенсите повторно не потечат кон неговата земја.

ИЗДВОЕНИ