четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Општина Велес – добитник на националната награда „Младински пријателски град”

Општина Велес – добитник на националната награда „Младински пријателски град”

1

Општина Велес е добитник на националната награда „Младински пријателски град” за 2026 година. Наградата е доделена во рамките на четвртиот Национален форум за младинска работа, кој се одржа од 10 до 12 ноември 2026 година, во Младинскиот центар во Охрид, под наслов „Признавање и квалитет на младинската работа – Од законска обврска до локална реалност!”.

Од Општина Велес информираат дека клучни критериуми при одлучувањето биле напредокот и степенот на имплементирање на законските одредби произлезени од Законот за младинско учество и младински политики во секоја од единиците на локалната самоуправа.

– Врз основа на анализата, на Форумот свечено беа доделени осум награди (по една општина од секој плански регион), со цел да се признаат, препознаат и вреднуваат најдобрите практики, а со тоа и да се мотивираат останатите единици на локалната самоуправа да ги исполнат законските обврски – информираат од Општина Велес.

Во име на Општина Велес, наградата ја примил Даниел Јаневски, Претседател на Советот на Општина Велес, а била врачена од страна на претставник од Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Форумот и целиот процес за избор и доделување на наградите беше организиран и реализиран од страна на Коалицијата на младински организации – СЕГА и Младинскиот центар – Охрид во партнерство со Министерството за социјална политика, демографија и млади, Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP), Фондот за население на Обединетите нации (UNFPA), Регионалната канцеларија за млади (RYCO) и Организацијата за безбедност и соработка на Европа (OSCE), со заедничка цел за унапредување на квалитетот, препознавањето и одржливоста на младинската работа во Македонија.

– Општина Велес останува посветена на заложбите за создавање подобар живот за младите, а со тоа го докажува и епитетот на општина – првенец во државата за спроведување младински политики на локално ниво, согласно националните и меѓународни стандарди – велат од локалната самоуправа.

 

ИЗДВОЕНИ