четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ќе се доделува Годишна награда и награда за животно дело на „Св....

Ќе се доделува Годишна награда и награда за животно дело на „Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици”

1

Комисијата за општествени дејности при Советот на Општина Струмица распишува Конкурс за доделување на Годишна награда и награда за животно дело на општина Струмица „Св. Петнаесет тивериополски свештеномаченици”.

Годишната награда се доделува како признание на Општина Струмица на правни и физички лица од Општината, Република Македонија и други држави како и на меѓународни организации и асоцијации и нивни претставници за посебни остварувања во стопанството, науката, уметноста, културата, воспитувањето и образованието, здравствената заштита, социјалната заштита, спортот, техничката култура, заштитата и унапредувањето на животната средина и природата, како и сите други сегменти од животот, што дале посебен придонес за развој и афирмација на општина Струмица во Македонија и пошироко.

Годишната награда се доделува за остварувања реализирани во период од една година, сметано од завршувањето на огласот и за остварувања во период подолг од десет години како награда за животно дело.

Право за предлагање кандидати за наградата имаат: научни, стручни, стопански и други организации и заедници и граѓани поединци.

Конкурсот трае заклучно до 26 ноември 2026 година.

 

ИЗДВОЕНИ