четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми во фокусот

Влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми во фокусот

1

Делегација од стручњаци од областа на шумарските науки и климатски промени од Република Австрија го посети националниот парк „Маврово“.

При посетата биле разменети искуства со предизвиците кои доаѓаат од климатските промени. Гостите од Австрија посетиле повеќе локации во заштитеното подрачје. Професорот од Шумарскиот факултет „Ханс Ен“, Јане Ацевски, презентирал стручни анализи, научни сознанија и релевантни податоци за актуелната состојба и динамиката на шумските екосистеми.

Од НП „Маврово“ информираат дека, низ разговорите, особено внимание било посветено на влијанието на климатските промени врз шумските екосистеми, нивната отпорност и способноста за приспособување.

– Оваа посета претставува значајно признание за природните вредности на НП „Маврово“, но и можност за негово посилно позиционирање во меѓународните стручни и научни кругови –  вели директорот на НП „Маврово“, Хабис Ибраими.

ИЗДВОЕНИ