четврток, ноември 12, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Шара се пошумува со ела, смрча, бел бор, бука и јавор

Шара се пошумува со ела, смрча, бел бор, бука и јавор

1

Од Националниот парк „Шар Планина“ информираат дека во тек се активности за пошумување на планината, на вкупно 12 хектари површина, со 30.000 садници, автохтони шумски видови.

Притоа, шест хектари ќе бидат пошумени во Ѓермо и 6 хектари во Сетоле, распоредени на две површини од по 3 хектари.

За пошумувањето се предвидени автохтони видови дрвја, меѓу кои ела, смрча, бел бор, бука и јавор, со избор и распоредување според природните услови на теренот.

Пошумувањето е во соработка со „Пјур промис“, со која е обезбедена донација за подигнување и одгледување на насадот во период од три години.

– Особено е важно што соработката не завршува со садењето. Во наредните две години е предвидена редовна нега, следење на здравствената состојба на садниците и дополнување таму каде што ќе биде потребно – соопштија од НП „Шар Планина“.

Според надлежните од НП „Шар Планина“, пошумувањето не значи само засадување нови дрвја, туку тоа е долгорочен процес на обновување на оштетените шумски површини, враќање на природната вегетација и создавање услови за развој на здрави и отпорни шуми.

 

ИЗДВОЕНИ